Педесет милиони евра добија општините од Минситерстото за финасии со цел да ги покријат долговите, но нема начин како централната власт да ги спречи општинските власти да се луксузираат иако општинските сметки им се блокирани.



Пример за тоа е Струга каде, иако Општината има долг од 4 милиони евра, градоначалникот Рамиз Мерко купи луксузен автомобил од 67 илјади евра.

Дел од економистите предупредуваа дека простување долгови е „морален хазард“ и дека ваквите потези на владата нема да ги натера градоначалниците да бидат одговорни.

„Точно да се утврди кои се оние неодговорни градоначалници кои што трупале неоправдано неплатени обврски . Кои се оние законски одредби од регулативата кои биле прекршени и тие да се санкционираат, затоа што во спротивно ваквиот начин на откуп на долгови кој што најверојатно е веќе завршена работа води кон натамошна работа на еродирање на правната држава“, вели економистот Марјан Николов за Алсат М.

Вкупниот долг на сите општини изнесуваше речиси 100 милиони евра, а владата реши да покрие 51 отсто од овој износ.