„Кога на бродот „Титаник“ се качиле некои Македонци и кога преживеале, во Америка ги напишале како Македонци, а сега ние треба да докажуваме. Замислете да треба да докажувате дека сте маж или жена, тоа се незамисливи потфати“, рече вечерва на митинг пред струмичани андидатката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова.



Ова Силјановска го спомена во делот од обраќањето во кој зборуваше за промената на името.

Таа праша зошто ако може Србија на Србите, Бугарија на Бугарите, Грција на Грците, ние да не можеме да кажеме Македонија на Македонците.

Кога ќе речете Република Македонија тоа значи држава, а не регион. Тие (Грците –н.з.) нека уживаат во нивниот регионален идентитет, а ние државниот. Како може да не е од идентитетот нешто со што сум се родила со што сум се идентификувала“, вели Силјановска.