„Се додека Цариградската патријаршија, или цариградскиот Патријарх не потпише томус за признавање на автокефалност, не би можело да биде прифатено признавањето афтокефалност на која било црква“ изјави денеска Владиката Петар, според кој досега имаше неофицијални, но очекуваме, како што рече, известување за да започнат официјалните разговори.
„Признавањето на автокефалноста на МПЦ е преку Цариград“ објаснува владиката Петар изјави владиката Петар денеска во Прилеп, кој чиноначалствуваше со богослужбата во прилепската црквата „Свето Благовештение“.
Тој рече дека се очекува одговор од вселенската Патријаршија и од Вселенскиот Патријарх на писмото што го испрати МПЦ и тоа ќе биде, најверојатно, кога ќе се создадат можностида започнат официјални преговори.




