“Г-ѓа Силјановска Давкова се соочи со негативни родови стереотипи на социјалните медиуми, на пример коментари за нејзиниот изглед”, наведува Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР која ја набљудува изборната кампања за претседателските избори.
Во периодичниот извештај, од 11 март до втори април, се нотира и дека генерално, жените се недоволно застапени во јавниот живот, но дека женските права и родовата еднаквост сѐ уште не се пројавија како истакнати прашања во кампањата, пренесува Радио Слободна Европа.





