Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски смета дека дел од гласовите на незадоволните граѓани од сегашната владејачка структура, нема да се прелеат кај противкандидатот, Блерим Река.
„Мислам дека за Река ќе се определат оние кои сепак мислат дека етничката компонента на кандидатите е примарна, сето останато е секундарно“.
Тој се согласува дека е оправдано незадоволството кај дел од граѓаните од владината коалиција.
„Не тврдам дека ние 100-процентно исполнивме сè што ветивме. И јас имам забелешки за тоа што е досега направено и јас мислам дека во некои сегменти можеше подобро, дека некои кадровски решенија не беа добри. Можеме да зборуваме за степенот на незадоволство, меѓутоа апсолутно се согласувам со перцепцијата на дел од граѓаните дека владејачката коалиција не испорача сè што вети во 2016 година. Тоа го имаат кажано и клучните министри на чело со премиерот“, вели Пендаровски.
Извор: Фокус




