Режисерот Сашо Миленковски го пронашол безживотното тело на актерката Билјана беличанец која, според првичните информации, си го одзела животот, информираа од МВР.
-На 06.04.2019 г.околу 22.30 часот,во ПС Центар С. М. пријавил дека на ул.„Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење. Од страна на Итна медицинска помош е констатирана смрт. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција, велат од МВР.
Актерката Беличанец дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1994 година и веднаш потоа започна да работи во Народниот театар „Војдан Чернодрински“. Во 1997 година започнува со работа во Драмскиот театар во Скопје.
Беличанец од 2013 до 2017 година беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода.





