Злоупотребија ли Заев и Царовска деца во изборна кампања?

Настан организиран од страна на владата во ек на изборна кампања во кој се инволвирани деца на социјалните мрежи отвори дилеми дали премиерот и министерката за труд го прекршија правилото кое забранува злоупотреба на деца за политички цели и тоа во изборна кампања.



“Многу е важно да зборуваме за инклузивно образование, социјална заштита и здравство, но исто така и за спортот. Да ги поттикнеме младите лица со попреченост да бидат вклучени во спортските активности и да го поминуваат своето време продуктивно и креативно”, напиша Царовска на Твитер.

Според меѓународните стандарди и правилата на Венецијанската комисија владата не смее да организира промотивни јавни настани за време на изборна кампања.

Особено не ако на нив има и деца чии лица не беа покриени пред да бидат објавени.

На настанот денеска присутен бил и директорот на Агенцијата за спорт и млади кој пред десетина дена го спореди Заев со Тито.

https://twitter.com/Fortifikacija/status/1114553242652901376?s=19