Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски се обиде да направи шега на средба со граѓаните од Делчево изјавувајќи дека и полицајците го препознаваат па не го казнуваат дури и да вози брзо.
Додаде, веднаш потоа низ смеа, дека се разбира дека би бил казнет доколку полицаецот е од ВМРО-ДПМНЕ, што во најмала рака навредливо за полициските службеници кои припаѓаат на МВР, а не на политичка партија.
„Еве да бидеме отворени до крај, ако мене ме запре полицаец сега на улица со поголема брзина од дозволената, мислите дека ќе ме казни. Не нема, зашто затоа што ме знае од телевизија, можеби ќе ме казни полицаецот ако е од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Пендаровски.





