Уапсен Бугарин со 22 килограми хероин во Србија

Бугарски државјанин е уапсен поради трговија со близу 22 килограми хероин во Србија. Тој беше уапсен на граничниот премин со Хрватска.



Според податоците на српските медиуми – дрогата била скриена во просторот под покривот на автомобилот и под задното седиште, пренесуваат бугарски медиуми.

Вредноста на хероинот се проценува на 130.000 евра.

Во моментов, уапсениот е задржан во притвор 48 часа, а потоа ќе биде подигнато обвинение против него во Сремска Митровица.