Стотици мигранти се судрија со полицијата на третиот ден од нивниот протест во камп во близината на Солун, барајќи од властите да им биде дозволено да тргнат кон грчко-македонската граница.
Мигрантите фрлаа камења врз полицајците кои одговорија со солзавец и шок гранати.
Неколку мигранти, меѓу кои деца, се онесвестиле од солзавецот денеска, пишува „Катимерини“ кој пренесува агенциска вест на АП.
Грчките власти велат дека мигрантите преку социјални медиуми биле повикани да тргнат на север кон Европа бидејќи, наводно,балканската рута која е затворена три години е одново отворена.
Мигрантите биле измамени дека „автобуси обезбедени од невладините организации чекаат од друга страна од границата со Северна Македонија“.





