„Скопје од пред 10 години не е денешно Скопје. Постои значителна промена и тоа е во неколку насоки, вели бугарскиот амбасадор во Македонија Ангел Ангелов оценувајќи како се исполнува потпишаниот Договор за пријателство помеѓу двете земји.
„Прво, пред 10 години, броевме по 250 антибугарски публикации неделно – сега медиумската средина е сосема поинаква“, вели амбасадорот, пренесува БГНЕС.
„Не дека тие ги нема, ги има, но тие тонат во општата медиумска струја. Постојат и многу позитивни материјали за нашата земја“, вели Ангелов.
Амбасадорот како позитивни ги оценува активниот политички дијалог, зголемената туристичка размена, економските проекти како „Коридор 8“ кој е од интерес за двете земји.





