Фрчкоски Пендаровски влезе неспремен во дуелот на „Телма“

Во синоќешното гостување на 1ТВ професорот Љубомир Фрчкоски вели дека Стево Пендаровски влегол неспремен во дуелот со претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.



„Пендаровски беше блед во целата приказна. Беше импресиониран можеби од својата колешка. И имаше една сосема погрешна тактика да поставува наводно прашања кои требаше Силјановска да ја стават во незгодна позиција, за 10 секунди. А, она после користеше за две минути да му држи лекции и да му објаснува. И таа му го украде времето во дебатата. А, Пендаровски го изгуби своето време и имаше тотално глупава тактика“, оцени Фрчкоски.