Премиерот Заев повторно направи лупинг со своите изјави.
Откако пред неколку дена на изборен митинг ја обвини професорката Силјановска дека била “задоена со криминал” сега вели дека ги почитувал сите кандидати вклучително и професорката.
“Ги почитувам сите кандидати и никогаш никого не сум потценувал. Јас сум и претседател на СДСМ, и секако имаме право да имаме своја определба и став. Јас сум еден од двигателите на левицата и од владиното мнозинство. Соодветно на Уставот и законите во нашата земја направивме избор на кандидат зад кој стоиме. Стојам отворено, чесно и јавно за целиот концепт на Стево Пендаровски и зад Пендаровски затоа што не само што е мое право, туку е и моја обврска и должност да поддржам концепт и кандидат на овие избори. Респект и почит кон сите кандидати, никогаш никого не сум потценувал, но граѓаните треба да изберат помеѓу понуда и концепт”, изјави Зоран Заев само неколку дена откако без никаква причина ја обвини Силјановска дека била задоена со криминал без да објави докази за тоа.
Предходно Силјановска на дебата во Телма порача дека Заев како премиер не смее да ја злоупотребува својата функција и владини ресурси во корист на еден од кандидатите Стево Пендаровски, цитирајќи препорака на Венецијанската комисија.





