„Не е патот кон ЕУ воз на кој ќе се качите и ќе стигнете до Брисел, Европската Унија треба да ја создаваме овде и тука, но за жал последните две години тоа не се случува“, рече на вечерашниот митинг во Демир Хисар, кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска и потсети дека освен за време на Отоманската империја и за време на комунизмот, нашето место било и ќе биде во Eвропа.
Таа ја обвини власта дека го злоупотреби високото расположение на граѓаните за ЕУ и НАТО, и ги изманипулира граѓаните со референдумското прашање на 30-ти септември.
„Знаеја дека голем дел од граѓаните се за членство во Европската Унија и НАТО, но што заборавија, заборавија дека кога ќе гласаме за влез во ЕУ а со нив не верувам дека ќе дојде тој ден брзо, ќе треба да распишеме задолжителен референдум“.





