Причина за уривањето на „цесната“ е ветер, рече Заев

„Ги знам причините, ги видов доказите, ветерот е причина што се урна авионот кај Солунска глава“, изјави денеска премиерот Зоран Заев.



Несреќата се случи во вторникот во попладневните часови кога мал авион тип „Цесна“ се урна на Јакупица. Авионот полетал час пред да се урне, а тргнал од Охрид кон Софија.

Премиерот денеска уште додаде дека  телефонски му изразил сочувство на неговиот бугарски колега Бојко Борисов, и рече дека најверојатно денеска ќе бидат транспортирани телата на загинатите од семејство Бошнакови во Софија.

Инаку, од Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти велат дека образложение за тоа поради што и како се урнал авионот ќе има дури за 30 дена.