„Со почнувањето на преговорите со ЕУ пред нашата држава се отвора можност да користиме речиси 900 милиони евра годишно за развој од фондовите на ЕУ. Од нив голем дел е наменет за земјоделството, гранка што е особено важна за овој дел од државата“ им соопшти денеска на граѓаните на општина Чешиново-Облешево, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
Поради ова, порача Пендаровски треба да се искористи моментот, да се продолжи напред кон интеграција во ЕУ и НАТО.
„Да продолжиме кон развој и напредок. За да имаме подобар живот, за младите да останат тука“, истакнал Пендаровски.




