Мицотакис ќе го брани брендот на „грчка Македонија“!?

„Ќе се бориме да ги ублажиме негативните последици од овој договор. Ќе ги поддржиме македонските производи, ќе се бориме да го поддржиме брендот на вистинската грчка Македонија, изјави Кирјакос Мицотакис лидерот на грчката опозициска Неа демократија кој има премиерски амбиции, за една грчка ТВ.



Тој вели дека со Преспанскиот договор Грција ги отстапила придавките македонски, македонскиот идентитет, на соседната земја.

Таков договор, ако се сакало , можело да биде постигнат уште пред 11 години во Букурешт, вели Мицотакис.