Десетици мигранти утринава протестираа на железничката станица во Атина и го прекинаа железничкиот сообраќај со надеж дека ќе бидат транспортирани до грчка граница каде чекаат и други за да го завршат патот започнат во 2016 година кон северна Европа.
Десетици мигранти седнаа на железничките пруги, додека полицијата ја следи ситуацијата, пишува „Катимерини“.
Демонстрантите бараат со автобусот да ги однесат во областа Диавата во северна Грција, каде што околу 500 мигранти, вклучувајќи и семејствата со мали деца, се собраа вчера по повикот на социјалните медиуми да тргнат кон грчко-македонската граница.




