Новинарот Сашо Ордановски во денешната анализа на настапот на претседателските кандидати во вчерашното прво, од предвидените 4, телевизиски соочувања, оценува дека професорот Блерим Река одлично се носел со наративот на „резервна гума“…



„Потоа, настапот на Блерим Река покажа дека тој одлично се носи со наративот на „резервна гума“ во претседателската кандидатска трка, но со капацитет да се вмеша во дебатата со субстанцијален придонес. Како, на пример, кога љубезно ѝ објасни на против-кандидатката дека Обединетите Нации се, сепак, асоцијација на држави, а не на народи, што е едно крупно неразбирање на меѓународниот поредок. Или кога на Пендаровски му ја „засоли“ приказната за односите со ДУИ и нивниот клиентелистички статус во СЈО, што не е препорака за успешни правосудни реформи. Да не е Река кој со своето учество дава едно достоинство во расправата, имам впечаток дека Пендаровски и Силјановска Давкова многу брзо би влегле во погруба и директна конфронтација.“, пишува Ордановски, во колумна за „Слободен печат“.