Пет смртни случаи од грип се пријавени во изминатата недела, стои во последниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Со ова регистрирани се вкупно 28 смртни случаи асоцирани со грип во сезоната 2018/19, а лицата биле на возраст од 5 до 86 години, што е најмногу досега по 2009 година кога се појави Свинскиот грип и кога починаа 30-тина лица, дознава ТВ24.





