Захарова: Изјавата на Столтенберг е глупава

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги нарече „глупава изјава“  зборовите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој во ист кош ги стави Јозеф Сталин, Адолф Хитлер и Исламска држава.



„ Тој се обиде да направи апсурден логичен историски ланец. Претставници на Министерството за надворешни работи веќе ја коментираа оваа изјава. Таа не е толку неумеска, туку е само глупава изјава “, вели Захара.

Реакцијата на Захароваа се однесува на изјаваат на Генералниот секретар на НАТО кој во американскиот конгрес објаснуваше дека е потребно зголемување на буџетот на Алијансата поради надворешни закани. Во тој контекст тој рече дека ниту Хитлер, ниту Сталин ниту Исламската држава не би биле поразени со мирни средства или со дијалог.

Портпаролката н русото МНР вели дека норвешкиот народ (од каде е и Столтеберг) „високо го цен придонесот на Црвената армија и раководството на Советскиот Сојуз во ослободувањето на оваа земја“, во Втората светска јна.

Мислам дека во прашање е лошото  образование.., вели Захарова.