„Морам да констатирам дека изјавата на Хан е најдобар дипломатски политички демант на изјавата дадена од премиерот Заев во Јуни 21018 година кога се сликаше во авион со Бујар Османи, Никола Димитров и Кочо Анѓушев изјавувајќи дека штотуку ја добивме радосната вест- Македонија може да прославува ,добивме историска одлука, безусловен датум за преговори во Јуни 2019 година“ изјави вечерва претеникот Антонио Милошоски, во гостување на 24 вести.



Еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан вчера изјави дека е време за почеток на подготвителна фаза за преговори со Северна Македонија.

„Претпоставуваме дека, врз основа на она што го набљудуваме, ќе дадеме официјална препорака за почеток на подготовките за преговори за приклучување, како со Северна Македонија, така и со Албанија“.