„Ајде да покажеме дека не е точно дека сме потпишале договор со кој е забрането да се испее македонската химна.
Ајде заедно со примадоната (Весна Гиновска Илкова) да ја испееме и текстуално“, ги повика претседателскиот кандидат Стево Пендаровски присутните на неговата конвенција која се одржува во спортската сала „Борис Трајковски, пренесе +Инфо.
Пендаровски денеска слави и 56 роденден, а честитка доби и од Гордана Силјановска.




