Николов бара оставки: Моите предци никогаш не се предадоа

Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов бара оставки од македонските политичари на кои им е тешко да ја бранат Македонија.”Многу македонски политичари и нивни советници велат дека „било тешко“ да ја бранат #Македонија! Ако навистина им е тешко да го бранат својот народ и здравиот разум, тогаш нека си дадат оставки ВЕДНАШ. Моето семејство мина низ пекол, угнетувани од Грција, па НИКОГАШ НЕ СЕ ПРЕДАДОА”, пишува Николов кој води потекло од Егејска Македонија.