Јункер: Нема ново одложување, Британија си оди од ЕУ на 12 април

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска ја отфрли можноста за ново продолжување на крајниот рок до кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ.



Во обраќање до европарламентарците, тој рече дека доколку договорот за „Брегзит“ не биде усвоен од британските пратеници, Британија треба да ја напушти унијата на 12 април.

Јункер рече дека британските пратеници би можеле да изнудат уште едно продолжување само ако го прифатат – изгласаат договорот што веќе е договорен помеѓу владата на Велика Британија и ЕУ.

Доколку до 12 април не се случи тоа, тогаш нема можност за понатамошно одложување на брегзит, изјави Јункер.