Македонската влада во наредните денови да преземе конктретни мерки против сите кои се блиски со движењето на Фетула Ѓулен, а кого Турција го обвини за неуспешниот пуч против претседателот Реџеп Таип Ердоган, побара денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.
„Одредени структури на терористичката ФЕТО се уште постојат во државата и ги саботираат нашите пријателски односи“, рече министерот кој имаше средба со македонската колешка Радмила Шекеринска.
Министерката за одбрана, рече дека се бара решение и за овие барања, но не очекува тие да ја загрозат ратификацијата на Протоколот за членство на земјата во НАТО.
Анкара во неколку наврати обвинуваше за поврзаност на одредени училишта, фирми и медиуми во земјава со Фетула Ѓулен.
Извор: 24 вести





