,,Роденденот го одбележувам со најблиските. Заедно поминуваме низ најтешките мигови и се радуваме на највеселите. Тие се мојата најголема поддршка и инспирација. Заедно напред! “-напиша денеска на својот ФБ профил Стево Пендаровски.
Вечерва, со почеток во 20.00 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ (ВИП Арена) претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата, ќе присуствива на изборната конвенција.
„Вечерва ве чекам на мојата изборна конвенција, каде ќе ја претставам претседателската програма. Солидарноста е еден од носечките столбови на програмата и моја лична заложба“, повика Пендаровски на Фејсбук




