Груевизмот може да се врати во секој момент и со било кого, пишува професорката Најчевска во колумна за „Окно“..
„Кога се донесуваат закони по скратена постапка, кога независните тела се партиски диригирани, кога се корумпираат граѓаните со ситни добивки, наместо да се направат системски промени, кога се зголемува бројот на министерствата, кога се билдаат „оправдани“ трошоци на функционерите, кога цветаат управни и надзорни одбори за штанцање дневници, кога јавниот обвинител е нема кукла, кога нема лична одговорност, кога правото е договор меѓу партиските лидери, кога кариерното напредување се вари во некој партиски штаб, кога не се бара следење на потеклото на имотот, кога недомаќински се трошат државните пари, кога полицијата не смее да казнува функционери, кога популизмот е замена за правилата и критериумите и процедурите, кога државата е најголем работодавач, кога сѐ што е добро мора да биде уништено, кога лаиците се нарекуваат професионалци, кога… ете, тогаш станува збор за груевизам.
Како состојба.
Како начин на размислување и на делување. Како катран на нозете кои не можеме да ги подигнеме за да го направиме следниот чекор“ – велиНајчевска.




