Химната и понатаму ќе ја пееме, вели Пендаровски (ВИДЕО)

Нашата држава е единствената во светот која го има името Македонија а македонската химна и понатаму ќе се пее онака како што досега се пеела.



Ова го изјави претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва од средбата со граѓани во општина Аеродром.

Вечерва на улица „Македонија“ во Скопје Пендаровски го отвори неговиот Централнт штаб за претседателската кампања.

„Како капитен на овој тим, можам да ви ветам победа уште во првото полувреме. Второто полувреме сепак ќе мора да се изигра, но првото ќе биде убедливо добиено уште на 21 април“, истакна тој пред неговите симпатизери од Центар.