Силна загриженост – ако ништо друго – предизвика изјавата на премиерот Алексис Ципрас во која тој аеродромот во Солун го нарече „Аеродром Микра“, забележуваат грчки медиуми денеска.
„Преку нашата технологија на аеродромот Микра во Солун“, ќе можеме да помогнеме во безбедноста на воздушниот простор на соседната земја, изјави Ципрас на денешната прес-конференција, пишуваат грчки медиуми.
„Микра“ е старото име на солунскиот аеродром кој во доцнитер 80-ти беше преименуван во „Македонија“.
Корисниците на социјалните мрежи во Грција бурно реагираат а некои и се прашуваат дали премиерот намерно не го спомна името на Меѓународниот аеродром во Солун, „Македонија“, пишува „То вима“ кој оценува дека името на соседот и Преспанскиот договор се с’е уште многу чуствителни теми.





