„Тргнавме напред, покажавме дека преку договор и пријателство ги отвораме вратите кон подобра иднина за сите граѓани. Решавањето на деценискиот спор со соседна Грција значи интеграции во ЕУ и НАТО, економски развој, европски перспективи, нови инвестиции, нови работни места, подобар живот за нас и нашите поколенија“, им порача денеска на граѓаните на Сопиште и Студеничани, кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровски.



Пред граѓаните истакнакл дека стои зад концепт што нуди продолжување по вистинскиот пат, кој носи подобар живот за сите.