Владејачката партија за правда и благосостојба (АКП)на турскиот претседателТајип Реџеп Ердоган соопшти дека ќе поднесе приговори на резултатите од локалните избори во сите 39 окрузи во Истанбул, објави Хуриет.
Според кандидатот за градоначалник на најголемата опозициска Републиканска народна партија (ЕКП) Екрем Имамоглу и неговиот противник од АКП, поранешниот министер Бинали Јилдирим, објавија дека Имамоглу води со околу 25.000 гласови, пренесе Ројтерс.
Рокот за поднесување на жалби истекува на полноќ.
Владејачката партија АКП загуби на локалните избори во трите најголеми турски градови – Истанбул, Анкара, Измир, што е изненадувачки резултат за Ердоган.
Ердоган во изборната кампања истакна дека „оној кој ќе победи во Истанбул ќе владее со Турција“.





