Македонија во 2001 година претседаваше со Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа и во Скопје се одржа Конферециијата на шефови на држави и влади.



На средбата во „Александар Палс“ беше присутен и грчкиот премиер Костас Симитис, така што во име на вистината, Алексис Ципрас не е првиот грчки министер кој доаѓа во посета на Скопје пишува поранешниот и прв македонски амбасадор во Атина, Љупчо Арсовски.

„Многу новинари и ТВ куќи потенцираат дека ова е прва посета на грчки пермир … Да, од билатерален аспект, но, сепак, фотката подолу ја демантира оваа вест, која сака да каже дека ‘од нас почнува“.

Не, историјата е движење и кога има докази, тогаш се кажува вистината“, пишува на Фејсбук амбасадорот Арсовски.

(Фотографијата е од пречекот на премиерот Симитис на Аеродромот Петровец, на кој присуствува и Љупчо Арсовски во својство на прв амбасадор на Република Македонија во Република Грција)

https://www.facebook.com/ljupco.arsovski1?__tn__=%2CdlC-R-R&eid=ARCK2mY3emO1GYVf8ujESQiMKekyjxvykLrzqZTW2gXyvtqjD7AtQXt-XtbzHKgaHSY2A_MukF9cEMTK&hc_ref=ARSsFitvIK1ZZ52VvyMTk5Rrxo-MGGiWWXqyE08H1g2_ilNhDmAa6pZlWr-8AKw1gq4