„Поради доцнењето при слетувањето на авионот беа изоставени протоколарните свечени активности при дочекот, со цел да се добие време за исполнување на работната агенда“, дознава од извори во Владата, „Фокус“.
Тоа е и одговорот зошто на официјалниот пречек на премиерот Алексис Ципрас на Македонија не била интонирана и македонската химна што е вообичаена пракса при секоја официјална посета на странски државници.





