Река: Да докажеме дека не сме анонимни 20%

„Со вашиот глас докажете дека не сме анонимни 20 отсто. Докажете дека вие не сте само гласачи, туку и гласани. Затоа, Албанецот и не можеше да биде избран за претседател.



Ова ќе се промени на 21 април, кога вие ќе го изберете претседателот. Од вас зависи дали сте за Албанец за претседател на Републиката. Вие сте суверенот што одлучува дали вашиот глас ќе ја направи Северна Македонија мултиетничка и евроатланска Република, порача претседателскиот кандидат Блерим Река на вечерашниот митинг на плоштадот Скендербег во Скопје од каде ја започна претседателската кампања.

Во обраќањето тој најави борба против корупцијата, непотизмот и селективната правда.

На промотивната конвенција во Скопје се обратија и претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села и претседателот на движењето „Беса” Биљал Касами чиј заеднички кандидат за претседател е професорот Блерим Река.

Извор: Пресинг.мк.