Првоаприлски, Софија доби голем споменик на премиерот Бојко Борисов на главниот плоштад Гарибалди, објави БГНЕС.
Споменикот е направен од плексиглас, со светлечки црвени очи и со од кој се слушаат популарни реплики нај премиерот.
Во едната рака, Борисов ги носи ножици, а во другите три книги, од кои една е за БКП (Бугарската комунистичка партија).
„ Сакав да покажам дека настаните што се случуваат денес ќе бидат приказна утре. Тие ќе бидат предмет на воспевање или на критика. Сè што правиме е споменик на нашето време“”, изјави за BGS скулпторот Андреј Врабчев.
Според него, ова е и провокација …„Знаете дека неодамна имаеше споменици со светлечки очи, кои зборуваат“, вели Врабчев.
Споменикот останал на местото само кусо време, по што бил демонтиран, но не се знае од гого, јавува БГНЕС.





