И оваа година Македонија е рангирана на дното по квалитет за место на живеење во регионот, според сајтот Нумбео.ком. Според базата на податоци на сајтот за земјите од целиот свет каде се пресметува степен на загаденост, животниот стандард, здравствената заштита на граѓаните, степенот на нивна безбедност. Македонија е на 16 то, последно место во регионот.
Скопје е некаде на врвот по загаденост на воздухот во светот со индекс 217.
На Балканот, според сајтот, најпристојно место за живеење се Љубљана и Загреб, зад кои следуваат Нови Сад, Солун и Атина, Белград, Сараево, а дури на крајот е Скопје.
Во регионот најсреќни се Словенците на 44 место во светот, следуваат Косово(46 место), Србија на (70), Црна Гора (73)Хрватска –(75) а „Северна Македонија“ е убедливо последна на 84 место од 156 држави во светот.





