Прес-службата на режисерот Емир Кустурица објави дека тој пред 4 години бил „задржан“ на аеродром  во Романија, бидејќи во торба носел  22 куршуми.



Според него, тој заборавил да ги извади куршумите од торбата што ја зел со себе.

Ракцијата доаѓа по вчерашниот напис во белградскиот портал Telegraf дека Кустурица бил уапсен пред четири години „со арсенал оружје“.

Режисерот го оцени како недоволно познавање на романскиот јазик или „злонамерност на  уредникот“ на тој портал.

Веста за откривањето на  куршумите кој биле најдени кај Емир Кустурица при слетување на 24 октомври 2015 година на аеродромот Банеаса со приватен авион кој полетал од Тиват, Црна Гора, ја пренесоа и романските медиуми.

За случајот кој завршил со обвинение и судење, новинарите дознаа на 22 март, годинава.