Премиерот Зоран Заев вчера најави можност за увоз на работна сила бидејќи Македонија, а особено во Пелагонискиот регион се соочува со огормен недостаток на работна рака.
„Тоа е во делот на европската економска агенда за регионот и верувам дека ќе успееме тоа да го поставиме, но и либерализацијата на одредени визни режими за одредени земји, кои што досега имале виза ако сакале да дојдат во нашата земја, не само како потенцијални работници, пред се како туристи, како потрошувачи или слично, од секој карактер.
Тие дебати се отворени во Владата“, изјави премиерот Зоран Заев, по што следуваше лавина коментари на социјалните мрежи.




