Владата демантира дека премиерот Зоран Заев ја пријавил за вознемирување мајката на исчезнатото момче Пино, Маја Трпковска.



„Не е точно дека премиерот ја пријавил Трпковска. Единствено е точно дека госпоѓата испраќала пораки, по што јавно го објавила телефонскиот број на премиерот, но не била пријавена ниту за вознемирување, ниту за било што друго, велат од Владата по изјавата на мајката на исчезнатиот Пино Секондо дека премиерот ја пријавил за вознемирување.

На вчерашниот протест Трпковска рече дека нема ништо ново во истрагата на Пино кој исчезна пред повеќе од 100 дена.

„Не се видовме со премиерот, но тој ме пријави“ рече мајката на исчезнатото момче.