Најмалку 40 пожарникари и припадници на шумската полиција од утринава гаснат голем пожар кај месностите Готен и Цареви Колиби, беровск, пренесува ТВ Стар.
Очевидци за телевизијата тврдат дека глетката е катастрофална по природата, бидејќи горат столетни дрвја, а животните панично бегаат.
Дали и кога пожарот ќе биде ставен под контрола и изгаснат во овој момент нема информации.




