Зорпидис: Ципрас во Скопје носи бизнисмени само за декор

Првиот човек на Стопанската трговска комора на Солун која пред два дена одби да учествува во делегацијата што го придружува Алексис Ципрас на посетата во Скопје, вели дека бизнисмените кои ќе го придружуваат Алексис Ципрас се само декор.



Говорејќи за грчки СКАЈ, Михалис Зорпидис тврди дека владата сака да направи „театар“ од посетата на Ципрас и планираниот бизнис-форум, пишува порталот „Фактор“

Зорпидис нагласи дека тој и другите членови на Солунскаста трговска комора не добиле покана од владата на состанок за да се подготват за посетата на 2 април, туку едноставно биле повикани да го следат премиерот без агенда.

Тој истакна дека ако сака може во кое било време да патува во Скопје за бизнис и затоа нема намера да замине во соседната земја за да биде фотографиран со придружбата на премиерот.