Од синдикатот на лекарите порачаа дека целта на јавното здравство не е остварување добивка, туку обезбедување на социјалниот мир и здравстена заштита на граѓаните.



На министерот венко Филипче му порачаа дека не тој, туку граѓаните треба да кажат дали треба се затвораат болници, бидејќи не се доволно искористени како таа во Кочани, а и нема ни доволно медицински кадар.

Синдикалците го прашуваат министерот Венко Филипче, доколку има приватен газда во една  болница, како таа во Кочани, од каде тој ќе обезбеди кадар ако сега е дефицитарен.

„Доколку нели не планираат да увезат од странство, тогаш кадарот сигурно ќе го обезбедат од клиниките. Со одлевање на таков квалитетен кадар тие ќе станат неконкурентни.

Не сакаме уништување на нашиот кадар“, вели Горан Беговиќ претседател на самостојниот синдикат на Клинички.  

Од Синдикатот на Клинички велат дека долгорочно, јавно приватно партнерство е штетно за државата, за лекарите и за пациентите, спротивно на министѕерот кој вчера убедуваше дека со овој концепт  пациентите ќе имаат можност да изберат каде да одат на лекување согласно своите пари.