По информацијата на ТВ 21 дека ќе се легализира марихуаната во рекреативни цели – во почеток во туристичките центри Струга и Охрид – и експресниот демант од Владата дека се работи за дезинформација, сега премиерот Зоран Заев вели дека дискисуијата за тоа е – отворена.
„Јас се уште мислам дека не сме подготвени, но сакам да ви кажам до каде одат модерните трендови, дури и пушатање во употреба во рекреативни цели на марихуаната само во туристичките места.
Некои сметаат дека дури за петпати ќе се зголемат побарувањата за издавање во туристичките места“, изјави Заев за време на вчерашната посета на Охрид, пренесе Нова ТВ.
„Дискусијата е отворена. Ова во светот се прави најмногу заради туризам, додаде Заев кој вели дека дека државата се уште нема изградено и контролни механизми.





