Американското министерство за одбрана нарачало гас маски во вредност од над 245 милиони американски долари од фирмата Avon Protection Systems Inc.
Според веб сајтот за набавки на министерството се работи за маска од типот М53А1 која е отпорна на хемиски и биолошки напади, како и на радиоактивна прашина, пренесуваат дел од американските медиуми.
Маските ќе почнат да се испорачуваат од септември.
Нарачката на маските се случува еден месец откако владата на САД го објави водичот за деконтаминација на граѓани по напад со хемиско оружје пишува ЗероХеџ од каде пишуваат дека Армијата на САД со молневита брзина активно се подготвува за биолошки инцидент на своја почва.
“Со закани кои е тешко да се антиципираат деновиве, актот на подготовка сугерира на постоење на страв дека напад од овој вид може да е иминенетен”, пишува влијателниот медиум.




