„Мораме сите заедно да работиме за да ги ублажиме негативните последици од Преспанскиот договор“ , изјави во Солун лидерот на опозициската Неа демократија, Киријакос Мицотакис, на конференцијата организирана од Асоцијацијата на извозници на Северна Грција.



Мицотакис ги повика локалните власти и производителии да формулираат „кохерентна стратегија“ против Преспнскиот  договор и додаде дека “ќе сторам с’е да осигурам заштитата на македонските производи“ и нивните трговски марки, пренесува АНА-МПА.

Мицотакис, исто така, рече дека Ципрас „се намурти на моето инсистирање за заштита на македонските производи“.

Јоргос Константопулос претседател на Асоцијацијата на извозници,  рече дека  „ние сме загрижени кога гедаме конфликт меѓу производи од Северна Македонија и од нашата Македонија“.

Присутните се согласија дека на производители на стоки во северна Грција мора да сеобединат во голема коалиција за да обезбедат „континуирана заштита на македонските производи и онаки“, пренесува агенцијата.