Ципрас: Преспански договор модел за решавање на регионални проблеми

Грчкиот премиер Алексис Ципрас смета дека Преспански договор е модел за надминување други регионални проблеми и оти договорот за името на македонската држава ќе ги зајакне стабилноста и економскиот раст на Балканскиот регион.



Зборувајќи за време на својата денешна посета на Букурешт, каде што се сретна со својата романска колешка Виорика Данчила, Ципрас додаде дека и двете земји ја поддржуваат амбицијата за членство на Македонија во Европска унија, како и на другите балкански држави, спомнувајќи ја Албанија.

Тој изјави дека Грција и Романија ќе им помогнат на земјите-кандидатки да ги исполнат критериумите за пристапување во ЕУ.

Претседателот на грчката Влада е во Букурешт за да учествува на 7. четиристрана средба меѓу Грција, Романија, Србија и Бугарија.