Холандски партии бараат враќање на визите за Албанците

Три холандски партии бараат враќање на визите за Албанците бидејќи, според нив, ова е единствениот начин да се спречи албанскиот организиран криминал во земјата, за што пишува најголемиот холандски весник,„ Де Телеграф“.



Според холандската полиција, пишува весникот, криминалците од балканските земји се с’е повеќе активни во Амстердам и ја контролираат трговијата со кокаин, пишува порталот 24 Ore.

Написот во „Де Телеграф“ доаѓа еден ден по посетата на холандската министерка за правда, Фердинанд Граперхаус на Албанија која и покрај тоа што е внимателна во коментирањето за очекуваното отворање на преговорите за членство на Албанија во ЕУ, даде позитивна оценка за постигнувањата на владата на Албанија, особено на реформите во правосудството, пишува порталот.