Продолжува жестоката хајка на таткото и синот Спасови против Силјановска

Речиси да нема ден а синот или таткото Спасови жестоко и без аргументи да не ја нападнат кандидатката за претседател професорката Гордана Силјановска Давкова.



Откако во нападите предничеше синот Никола Спасов кој како сопственик на агенција за мерење рејтинзи најдобро знае дека Силјановска води во анкетите во нападите се придружи и Спасов постариот инаку екс министер за правда и амбасадор во времето на СДСМ.

Најпрвин Никола Спасов во својата кампања преку Твитер цитирајќи го Пендаровски се обиде да ја оцрни Силјановска користејќи го притоа и нејзиниот син а деновиве и таткото Ѓорѓи Спасов преку Твитер ја покажува опседнатоста со Силјановска.

Дури три последователни поста на Ѓорѓи Спасов се на тема Силјановска.

За разлика од неговиот син кој инсинуира во врска со синот на Силјановска таткото Спасов меѓу другото прави навредливи и невкусни шеги на сметка на годините на старост на кандидатката за претседател користејќи ја песната на Next Time “Право ќе ти кажам бабо”.

“Се зборува дека Силјановска забранила на нејзините митинзи да се пее песната “Нешто ќе те питам бабо”☺ Баш се безобразни овие од ВМРО. Вистина немаат осет”, пишува Ѓорѓи Спасов кој како професор точно знае дека користење шпекулации од типот “Се зборува” и употреба на ad hominem напади за староста Силјановска е неприфатливо на најголем дел од граѓаните.

Која е причината за координираните напади на синот и таткото Спасови врз Силјановска е прашање на етика и морал но доколку се докаже дека нивната кампања е поврзана со приходите на фирмата за истражување “Рејтинг” тогаш се отвара и друга правна и корупциска димензија на нападите.

Како што е објавено на Твитер профилот на Никола Спасов од институции под контрола на СДСМ “Рејтинг” во последниве години заработила најмалку стотина илјади евра.

За разлика од систематските напади врз Силјановска Спасови ниту еднаш досега не го критикувале кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски.