Латас веќе не е главен и одговорен уредник на Сител

„Оставата ја поднесувам со цел – заштита од понатамошни притисоци кон мене како новинар и кон медиумот во кој работам“, пишува во соопштението до јавноста долгогодишниот главен и одговорен уредник на ТВ Сител.



Тој беше на чело на информативната редакција на Сител од 1997 година, а во иднина останува во телевизијата како новинар и извршен продуцент.